Англија
Сањол: Мбапе може да стане крал во Ливерпул
Килијан Мбапе е еден од играчите кој во изминатиов период се поврзува со премиерлигашот Ливерпул, па токму на оваа тема свој коментар даде поранешниот француски репрезентативец Вили Сањол.
Сањол смета дека овој Ливерпул предводен од Јирген Клоп е атрактивен за секој играч, односно дека Мбапе може со помош на германскиот стратег да стане крал на „Енфилд Роуд“.
-Овој клуб (Ливерпул) има голема предност. Со Клоп имате тренер со кого секој играч на светот би сакал да работи. Мбапе би се прилагодил под негово водство. Тој бара многу дефанзивна работа од неговите напаѓачи, нешто во кое Мбапе не е добар.
-Ама тоа може да го научи особено од човек како Клоп. Килијан може да стана крал со Клоп во Ливерпул, -истакна Сањол.
Пред неколку денови некогашниот член на „црвените“ Џејсон Макатир пак истакна дека Французинот не е тип на играч кој му одговара на сегашниот стил на игра на актуелниот европски шампион.
Поранешен член на „црвените“: Мбапе не е добар за Ливерпул, не е тип на играч кој Клоп го бара
-
НБА9 часа
Дејвис направи „бунар“ и се пожали на повреда, камерата се сврте кон човекот кој се откажа од Дончиќ (Видео)
-
Шпанија8 часа
Анчелоти обелодени каква била реакцијата на Перез и посочи што најмногу го повредило од елиминацијата во ЛШ
-
Лига Европа23 часа
Мегваер за победата на Јунајтед: Ова беше најчудниот, најлудиот…(ВИДЕО)
-
Балкан23 часа
Трагедија во Карловац: Во сообраќајка загина поранешен хрватски репрезентативец
-
НБА12 часа
Дончиќ откри дека го искршил својот телефон откако дознал за трејдот во Лејкерс, покажа и како изгледа (Видео)
-
Лига на шампиони11 часа
Ханси Флик обелодени каков впечаток му оставил Интер и издвои еден играч: Едвај чекам да го видам
-
Англија10 часа
Откако не се докажа и под водство на Слот: Ливерпул чека понуди за најскапиот играч во својата историја
-
Лига на шампиони6 часа
Фердинанд има фаворит за пехарот во ЛШ: Тие ќе бидат шампиони