Поврзете се со нас

Европски првенства

Сањол: Грузија веќе го освои Европското првенство

Објавено

на

Foto:x.com/GeorgiaGff

Фудбалската репрезентација на Грузија оствари голем успех со пласманот во осминафиналето на ЕП, а сега се подготвува за уште еден тежок предизвик, односно дуел со Шпанија.

Селекторот Вили Сањол најавил дека неговите избраници ќе бидат ослободени од притисокот, со оглед на фактот што Грузија веќе го оствари пласманот кој го посакуваше пред почетокот на турнирот.

– Кога моите репрезентативци ја имаат топката, знаат дека можат да уживаат и да прават што сакаат со неа.

– Фудбалот не е математика или партија шах, треба да играте и со чувства. Кога сте Грузија и играте против голем тим, ако размислувате само за одбрана, прашање на време е кога ќе погрешите.

– Влегуваме во осминафиналето со голема самодоверба, бидејќи немаме што да загубиме. За мене, Грузија веќе го освои Европското првенство, – изјавил Сањол.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни