Снајдер предизвика вистински хаос: Во алкохолизирана состојба скокаше по автомобил (Видео)

snajder

Весли Снајдер важиза еден од најдобрите играчи од средината на теренот во поновата фудбалска историја.

Искусниот холандски фудбалер остави длабока трага носејќи ги дресовите на неколку европски великани, а со успех го носеше и дресот на репрезентацијата на „лалињата“.

Сега, како што пренесува „Телеграф“, Весли Снајдер бил уапсен во родниот Утрехт затоа што предизвикал вистински хаос на улиците на овој холандски град. Имено, фудбалерот бил забележан на сигурносните камери како скока по автомобилите и како го уништува имотот на неговите соседи.

По овој инцидент Весли Снајдер бил приведен, но веднаш бил пуштен затоа што се согласил да ги покрие сите трошоци.

Facebook Коментари