Поврзете се со нас

Германија

Сане: За жал се случи тоа што Компани ми го најави уште додека бевме соиграчи

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Венсан Компани на крајот се претвори во конечен избор на Баерн Минхен и Белгиецот ќе биде одговорен за новиот проект на баварскиот великан, кој во новата сезона ќе влезе максимално мотивирано откако изминатава не освои ниту еден трофеј.

Притисокот врз Компани ќе биде уште поизразен поради лошата сезона која ја имаше тимот под водство на Томас Тухел, па иако постојат сомнежи дали Венсан е подготвен за таков голем предизвик, луѓето кои подолго време го познаваат тврдат дека станува збор за човек кој може да прерасне во врвен фудбалски стручњак.

Доскорешниот менаџер на Барнли во Баерн ќе го има првото сериозно искушение како тренер и ќе мора да се навикне да победува на секој натпревар, а во тимот ќе тренира еден фудбалер кој во минатото му беше соиграч во Манчестер Сити.

Лерој Сане е единствениот играч на Баерн кој лично го познава Компани, па сега им најави на соиграчите што може да очекуваат од својот нов шеф на стручниот штаб.

– Кога бевме заедно во Манчестер Сити, еднаш ми кажа дека еден ден ќе ми биде тренер. Јас му кажав дека тоа нема да се случи, но за жал еве се случи во Баерн…..

– Секако дека се шегувам за ова последното, но вистина е дека имаше големи амбициите уште како играч. Навистина сум среќен што ќе ми биде тренер и што првпат добива шанса во топ клуб во Европа. Како играч, Венсан беше апсолутен лидер, тој не водеше во Сити, беше доминантна фигура, бараше брз и храбар фудбал од нас. Уште како играч го очекуваше тоа од нас соиграчите и ако го пренесе тоа тука во Баерн, нашето време минато со него ќе биде навистина добро, – изјави Сане.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни