Поврзете се со нас

Германија

Сане за неверојатниот пресврт во формата: Не сум слеп, докажав дека се уште вредам

Објавено

на

Лерој Сане значително ги подобри своите бројки со текот на сезоната и еден од најдобрите играчи на Баерн во офанзивен план, сценарио кое всушност е драматичен пресврт за она што се случи на стартот на новата натпреварувачка кампања во Германија.

Сане беше брутално понижен на „Алијанц арена“ и исвиркан од домашните фанови на Баерн Минхен, сцена која ја осудија сите играчи на Баерн и членови на стручниот штаб, но која сепак направи да го видиме најдоброто издание на Лерој во наредните неколку месеци.

Офанзивното крило се повеќе наликува на играчот кој воодушевуваше во Премиер лигата пред да заработи тешка повреда на коленото, а големиот пресврт го коментираше и самиот тој пред мечот со Динамо Киев во Лигата на шампионите.

– Се обидов негативната енергија да ја претворам во позитивна и тоа ми донесе посакувани перформанси. Сега се чувствувам одлично на физички план, имам добар ритам и навистина сум фит. Се обидувам да извадам максимум од овој моментум.

– Целта е да останам максимално позитивен, не бев среќен и задоволен од минатата сезона. Не сум слеп, само слепец може да каже дека сум имал добра сезона. Сакав да покажам што можам да направам и сега сум блиску до нивото на кое бев пред да бидам повреден. Докажав дека можам да правам разлика и да играм фудбал, – изјави Сане кој има биланс од 8 голови и 10 асистенции на 19 меча од стартот на сезоната.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни