Поврзете се со нас

Германија

Сане предизвика бура во Баерн: Вакво понижување не смее да се повтори на „Алијанц арена“

Објавено

на

Лерој Сане доживеа понижување во неделата на првиот натпревар кој го одигра Баерн Минхен на домашен терен во новата натпреварувачка сезона, бидејќи еден од најплатените играчи во историјата на клубот беше исвиркуван од навивачите во текот на цело прво полувреме, а потоа следеше громогласен аплауз за одлуката на тренерот кој реши да го повлече од теренот по само 45 минути.

Овие непријатни сцени сигурно нема да влијаат позитивно врз самодовербата на Сане која и онака е на ниско ниво по реализираниот трансфер од Манчестер Сити пред една година, но Баерн како голем клуб сега застана зад својот играч и на секој начин се обидува да го одбрани.

Томас Милер и Јулијан Нагелсман ги искритиуваа навивачите кои приредија лош момент за германскиот репрезентативец, со коментар се јави и Карл Хајнц Румениге, а сега пристигна поддршка и од Џошуа Кимих и Хасан Салихамиџиќ.

– Она што се случи во неделата не е само лошо, туку и дрско и горчливо. Особено ако се види пошироката слика и што се постигнавме пред само една година. Сите сакаме да ги повториме истите резултати и да освоиме титули, не е во ред да се случи вакво нешто на нашиот прв домашен меч во новата сезона. Знам дека не станува збор за сите навивачи, но тоа не е оправдување, – изјави Кимих кој вчера стави потпис на нов договор до 2025-та година.

– Јасно е дека Лерој немаше најдобар натпревар, но за нас многу важно е играчите секогаш да ја чувствуваат поддршката од навивачите. Не смееме да дозволиме еден играч да биде исвиркан и понижен на „Алијанц арена“. Сите го посакуваме истото и треба да бидеме заедно. Се надевам дека ова нема да се случи повторно, – изјави Хасан Салихамиџиќ како спортски директор на Баерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни