Поврзете се со нас

Германија

Сане обелодени кој одиграл клучна улога за неговиот трансфер во Баерн

Објавено

на

Лерој Сане по четири минати години во Англија во дресот на Манчестер Сити одлучи да се врати дома и да потпише за најдобриот германски клуб Баерн Минхен.

Офанзивецот имаше понуда на маса за да остане на „Итихад“, ама тој се одлучи за промена и преселба во гигантот од Минхен. Голема улога во реализаиција на овој трансфер одиграл спортскиот директор Хасан Салихамиџиќ и тоа го откри самиот Сане во интервјуто за „Билд“.

-Хасан Салихамиџиќ беше зад овој трансфер уште од првиот момент. Многу сум му благодарен за тоа. Тој ми покажа како работи клубот, што тимот има на ум, како овде изгледаат работите. Веднаш забележав дека овде знам многу момци, дека добро се вклопувам и сакав да бидам дел од успешниот пат на Баерн, -истакна Лерој кој проговори за односот со Пеп Гвардиола.

-Нашиот однос е добар, никогаш немаше момент кога Гвардиола и јас се заморивме еден од друг. Многу сум му благодарен за сè што ме научи. Пеп ми помогна да достигнам многу високо ниво. Тој сака играчот да напредува секој ден. Тој е упорен во однос на тактиката и тоа е позитивно и ми помогна. Ние дури живеевме во истата зграда, па често се гледавме, -откри новото засилување на Баерн.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни