Поврзете се со нас

Европски првенства

Сане не го заборава болниот пораз: Шпанија не понижи пред четири години

Објавено

на

Foto:DFB/Philipp Reinhard

Германија нема баш добри спомени од последните натпревари со шпанската фудбалска репрезентација, па затоа многу новинари пишуваат за претстојното четвртфинале како одлична шанса за реванш.

Овие две селекции имаа директен дуел и на последното Светско првенство и истиот заврши 1:1, но за Германците многу поболен е мечот од пред четири години кога Шпанија на стадионот „Ла Картуха“ во Севилја славеше со 6:0.

„Фуријата“ брутално ја понижи Германија во Лигата на нации и тоа беше почетокот на крајот за Јоаким Лев како германски селектор, па сега тимот воден од Јулијан Нагелсман сигурно ќе има за цел да се покажа во далеку подобро светло пред домашните навивачи.

Германските фудбалери не кријат дека тој пораз им се длабоко врежан во главите, па сигурно мотивот за докажување ќе биде уште поголем.

– Дали има чувство за одмазда? Во фудбалот нема одмазда, ние имаме само јасна цел да продолжиме на турнирот. Вистина е дека не победија, или поточно кажано, вистина е дека не понижија со 6:0. Но, тоа е дел од фудбалската историја, ние сега имаме шанса да испишеме нова, – вели Лерој Сане.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни