Поврзете се со нас

Германија

Сане ја разби камерата по третиот гол на Леверкузен (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен доживеа пораз од Баер Леверкузен од 3-0 во дерби средбата во Бундеслигата, меч кој на крајот на сезоната може да се покаже како клучен во борбата за титулата во најсилниот германски шампионат.

„Баварците“ одново покажаа многу слабости, упатија само еден удар во рамките на голот на „фармацевтите“ што доволно говори за настапот на „Бај Арена“.

Дефинитивно нешто се функционира кај актуелниот шампион, веќе почнува да работи и нервозата, па така бесниот Лерој Сане ја разби камерата која стоеше на голот на Баерн по третиот гол на домаќините. Тој се обидуваше да стигне и да го спречи Фримпонг да реализира, а кога тоа не го направи ја скрши камерата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни