Англија
Сане испрати порака до Гвардиола и Сити по трансферот во Баерн

Повремениот германски репрезентативец, Лерој Сане од денеска е нов играч на бундеслигашот Баерн Минхен.
Баерн го комплетираше трансферот на Сане: Ова е нов предизвик, има една главна цел!
Тој го комплетираше трансферот со потпишување на договор со важност до 30 јуни 2025 година. Со ова беше ставена крај на една сага која започна минатото лето, се исполни желбата на играчот кој одби да остане во Англија.
Сепак Сане вечно ќе му биде благодарен на Сити и Пеп Гвардиола за можноста која ја доби и за тоа говори пораката која ја испрати.
-Ви благодарам многу за одличното време и целата поддршка во последните 4 години. Ова беше навистина интензивно и успешно време што сигурно нема да го заборавам. Победивме на многу натпревари, постигнавме тон голови, срушивме неколку рекорди и заедно прославивме 7 трофеи.
-Благодарност до сите навивачи, до стручниот штаб и до моите соиграчи! Секогаш ќе се сеќавам со голема радост и гордост. Исто така голема благодарност и до мојот тренер кој ме направи подобар играч и има голем удел во мојата награда за млад играч на годината во 2018 година. Научив многу и многу сум горд што бев дел од ова патување, -порача Сане.
— Leroy Sané (@LeroySane19) July 3, 2020

- Шпанијапред 17 часа
Зидан го впери прстот кон еден играч по поразот од Атлетик Билбао
- Англијапред 18 часа
Маркус Рашфорд откри од кој менаџер добиле совети за изнудување повеќе пенали на натпреварите
- Шпанијапред 19 часа
Зидан нагласи што му недостасува на Азар и заклучи: Ова ќе беше неуспех само во еден случај!
- Англијапред 15 часа
Погба го трга товарот од плеќите на соиграчите: Не можеме да кажеме дека сме на исто ниво со нив
- Англијапред 16 часа
Тотенхем предвреме го раскинува договорот со Герет Бејл?
- Светски првенствапред 11 час
Брестовац: Македонецот не е научен да создава, сака резултат преку ноќ
- Англијапред 16 часа
Рашфорд откри за што најмногу жали во својата досегашна кариера
- Англијапред 18 часа
Хаман искрено за коментарот на Марк Клатенбург за Клоп: Тоа што го кажа е вознемирувачко