Поврзете се со нас

Германија

Сане го нокаутираше Суле, Мусиала постигна израмнувачки гол на „Дер Класикер“ (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/FCBayern

Борусија Дортмунд и Баерн Минхен го одиграа големото „Дер Класикер“ дерби во германската Бундеслигата, па со оглед на традицијата која ја наметнаа во последните децении, и денеска се играше еден фајтерски и офанзивен фудбал.

Домашниот тим дојде до предност во првиот дел со погодокот на Гитенс и се предодреди да го брани ова водство во вториот дел, а иако се чинеше дека таа тактика е добра за Шахин, баварците сепак успеа да пронајдат пат до израмнување.

Баерн остана без Хари Кејн кој се пожали на повреда уште во првиот дел, но и без него на теренот, баварците жестоко напаѓаа во вторите 45 минити и вистинско чудо е што не постигнаа неколку гола.

Одбраната на Борусија не попушташе до 85-та минута, но тогаш бедемот се распадна откако Суле доби нокаут при слободниот удар на Лерој Сане, по што акцијата продолжи со центаршут на Олис, односно гол на Мусиала.

Џамал прецизно биеше со глава и донесе израмнување за својот тим, кој на крајот беше и далеку поопасен и поконкретен кон противничкиот гол.

И покрај тоа, Баерн не успеа да постигне втор гол, па дербито заврши со мирољубиви 1:1.

Видеото погледнете го ТУКА 

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни