Сане е оптимист: Сити може да ја освои ЛШ

sane

Одличниот германски крилен напаѓач, Лирој Сане е уверен оти Манчестер Сити има се што е потрено за да се искачи на европскиот трон во оваа натпреварувачка кампања.

„Граѓаните“ завршија на првото место во групната фаза, во осминафиналето без проблеми го решија Базел, а во четвртфиналето ги очекува двомеч со ривалот од Премиер лигата-составот на Ливерпул.

-Оваа година сме навистина силен тим и ја разбираме филозофијата на Гвардиола, се подобривме и знаеме што сака од нас. ЛШ е навистина тежок турнир и секој натпревар е специјален и тежок. Ама имаме големи шанси да дојдеме до финалето и да ја освоиме ЛШ. Ама ќе биде тешко, -порача Сане.

Facebook Коментари