Свет
Сане целосно откачи на пријателски меч и нокаутираше играч на Австрија, Германија претрпе нов пораз (Видео)

Германија претрпе пораз од Турција на домашен терен во Берлин и повторно загрижи со сликата која ја остави на теренот, но по првиот пораз во ерата на Јулијан Нагелсман, вечерва пристигна и вториот.
„Панцирите“ се далеку од селекцијата која порано сееше страв и немир кај противниците, па така денеска Австрија како домаќин оствари сигурна победа со резултат 2:0 на тест средбата во Виена.
Иако се работеше за пријателски меч, дел од актерите на теренот не го сфатија значењето на тој начин, а убедливо најбесен беше Лерој Сане кој беше испратен и предвреме на туширање.
Марсел Сабицер им го зададе првиот удар на Германците и ја доведе Австрија во водство од 1:0, а при овој резултат, Сане комплетно се исклучи и го нокаутираше противникот со удар во врат.
Ѕвездата на Баерн зададе удар со двете раце и го патосираше Мвене, па со 10 играчи на теренот, Германија до крајот прими и втор гол за конечни 2:0 (Баумгартнер).
-
Шпанијапред 18 часа
Суарез за најавеното засилување на „кралевите“: Посакував да заврши во Барса, но Реал ќе добие ѕвезда во која ќе ужива со години!
-
Шпанијапред 13 часа
Поранешен претседател на Барселона: Реал прво да ни ги врати титулите, па да зборува за етика
-
Светпред 17 часа
Одредени групите за Копа Америка, Аргентина ќе го отвори турнирот со плејоф победник
-
Англијапред 13 часа
Премиер лигата го „круниса“ Мегваер, фановите му фатија сеир на Де Брујне
-
Англијапред 17 часа
Тен Хаг: Пријателите ме убедуваа да не ја прифаќам понудата на Манчестер Јунајтед
-
Италијапред 15 часа
Јувентус следи фудбалер на Лацио чиј договор истекува во јуни
-
Англијапред 6 часа
Гвардиола за играчот кој никогаш не доби вистинска шанса: Жал ми е за него, не можем да го видам во тимот на Сити
-
Англијапред 18 часа
Бруталниот Кин состави црна листа и наброја десет фудбалери кои треба да бидат ослободени од Тен Хаг