Поврзете се со нас

Англија

Санчо воодушевен од еден англиски фудбалер: Ова го направи за мене и Рашфорд (Фото)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Џејдон Санчо не доби место во завршниот список на Герет Саутгејт и беше еден од прецртаните од англискиот селектор, но тоа не значи дека фудбалерот на Манчестер Јунајтед не држи палци за своите соиграчи.

Санчо имаше извонредна полусезона во Борусија Дортмунд и за многумина неправедно беше изоставен од Саутгејт, а сега во ситуација кога како фудбалски фан го следи турнирот во Германија, Џејдон првпат реагираше по пласманот во полуфиналето.

Крилниот напаѓач остана воодушевен од МВП играчот на Англија во четвртфиналето, младиот Букајо Сака кој вчера ги прикажа најдобрите перформанси во изминативе три недели.

Сака беше човекот кој донесе израмнување за Англија и кој потоа сигурно биеше во пенал рулетот, а Санчо директно му се обрати преку Инстаграм на најдобриот играч против Швајцарија.

– Многу сум горд на ова момче! Брате, ова го направи за мене и Рашфорд, – порача Џејдон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни