Поврзете се со нас

Германија

Санчо со емотивна порака за Ројс: Ти си мој брат, многу работи научив од тебе…(ВИДЕО)

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Џејдон Санчо имаше можност одново да заигра на Борусија Дортмунд и тоа во вториот дел од оваа сезона, а можеби и тука ќе остане затоа што неговиот клуб Манчестер Јунајтед е подготвен да го продаде и тоа за цена од 40 милиони фунти.

И додека се решава неговата прашања, еден статус околу Марко Ројс е јасен, тој си заминува од Дортмунд и како што сега стојат работите следна дестинација ќе биде МЛС листата.

Со ова се става крај на една ера на Ројс во „црно-жолтиот“ табор, па Санчо ја искористи оваа прилика да испрати порака до неговиот брат.

-Збогување со легендата на Дортмунд и мојот поголем брат. Како што го започнуваш следното поглавје, сакам само да ти кажам благодарам за сè што направиви за мене. Ме зеде под своја закрила и научив многу од тебе на теренот и надвор од него. Засекогаш сум благодарен за се што ме научи и ми беше чест да играм со тебе. На тебе и на твоето семејство ти посакувам се најдобро во иднина, се гледаме наскоро, -порача Џејдон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни