Англија
Санчо со емотивна порака и видео се заблагодари за незаборавната сцена на „Олд Трафорд“

Џејдон Санчо мина низ најтежок период во кариерата во изминатите три и пол месеци, бидејќи повредата која го мачеше предизвика и психолошки проблеми кај фудбалерот кој побара помош и од специјалисти.
Крилниот фудбалер на Јунајтед го прескокна Светското првенство во Катар, но додека сите очекуваа да биде свеж за рестартот на сезоната, тој доби доволно време од Ерик Тен Хаг за комплетно да се рехабилитира и да си ги среди мислите.
Санчо тренираше одвоено од првиот тим долго време и не беше дел од протоколот на официјалните натпревари, се до средбата против Нотингем Форест во Купот.
Џејдон доби шанса во вториот дел и доби огромна поддршка од трибините на „Олд Трафорд“, а емоциите кои ги доживееја и насмевката на лицето направија да испрати емотивна порака на социјалните мрежи.
– Уау! Само сакам да кажам огромна благодарност до сите за поддршката што ја добив во изминатите неколку седмици, особено до навивачите. Мојот фокус е да дадам се од себе за мојот тим и клубот, многу сум среќен што се враќам на теренот, се гледаме наскоро, – порача Џејдон.
Wow! Just want to say a massive thank you to everyone for the support i’ve received over the past few weeks especially to the fans. My focus is to give my all to my team and the club, I’m so happy to be back out on the pitch, see you soon.🤞🏼❤️ pic.twitter.com/C0fY0tGPqO
— Jadon Sancho (@Sanchooo10) February 3, 2023
-
Македонијапред 12 часа
Не ја заборава старата љубов: Елмас се појави на тренинг на Работнички (ФОТО)
-
Лига на шампионипред 10 часа
Реал би бил најголем губитник: Како ќе беа распоредени титулите во ЛШ со употреба на ВАР од самите почетоци (ФОТО)
-
Англијапред 23 часа
Клучниот играч на Тотенхем му се извини на Конте: Си замина поради мене…..
-
Германијапред 21 час
Мане бил детонатор на отказот кој го заработи Нагелсман
-
Италијапред 20 часа
Наполи има јасен план: Титула во Серија А, па средба со Елмас
-
Шпанијапред 20 часа
Таткото на разочараната ѕвезда на Барса: Чави си има свои причини, но јас сум бесен како родител
-
Светпред 23 часа
Лаутаро се посрамоти со нереално промашување пред празен гол, Меси постигна хет-трик во едно полувреме (Видео)
-
Шпанијапред 24 часа
Ѕвездата на Сити огорчена од играта на Шкотска: Вистинско ѓубре, ова не е фудбал……