Германија
Санчо по извонредниот кам-бек во Бундеслигата: Морав да му асистирам на мојот добар пријател
Борусија Дортмунд доби големо зимско засилување во текот на оваа недела, а Џејдон Санчо подготви одговор на теренот на својот прв настап за „милионерите“ по пауза од три години.
Англискиот крилен фудбалер се врати во германската Бундеслигата после кошмарниот период во Манчестер Јунајтед, па веќе на првиот настап покажа дека е желен за докажување на највисоко ниво.
Борусија победи со 0:3 на гостувањето кај Дармштад и го отвори со победа вториот дел од сезоната, но уште поважно е тоа што најголемото јануарско засилување имаше одлично „второ деби“ во Германија.
Санчо влезе во раната фаза на вториот дел и доби нешто повеќе од 35 минути за игра, период кој беше доволен за да го запише своето име во официјалниот записник на мечот.
Џејдон покажа завидна несебичност и му асистираше на Марко Ројс кој постигна погодок во празна мрежа, а по триумфот од 0:3, Англичанецот ја даде и првата изјава пред новинарите.
– Изгледаше како да мора да се случи вакво нешто, како да беше запишано. Јас се вратив, го видов Марко повторно и тој е многу добар пријател. Неверојатно го почитувам и морав да му подадам за да даде гол.
– Откако се вратив тука, се чувствувам како дома, среќен сум што повторно имам насмевка на лицето. Сакам само да играм и да бидам насмеан. Сакам да му помогнам на тимот. Имам и свои индивидуални цели, но тимот е приоритет. Целта е да се вратиме во топ три на табелата и да се квалификуваме во Лигата на шампионите, – изјави Санчо.
-
Светски првенства18 часа
Белами: Македонија е поинаков предизвик за нас
-
Шпанија13 часа
Димитриевски застана на голот на Валенсија во Примера, „лилјаците“ загубија на „Хосе Зорилја“ и паднаа на последното место (ВИДЕО)
-
Шпанија24 часа
Жалбата на Барселона одбиена, Флик се сели на трибина
-
Репрезентација15 часа
Гостински предизвици на почетокот и крајот на квалификациите: Познат распоредот на македонската репрезентација на патот до СП (ФОТО)
-
Свет20 часа
Белгија првпат немаше селектор на ждрепката за СП, медиумите ја открија причината за отсуството на Тедеско
-
Шпанија17 часа
Пике откри кој му омилен играч од Барселона и посочи два клуба кои најмногу ги почитува
-
Англија23 часа
Манчестер Сити објави рекордни приходи во историјата на Премиер лигата
-
Репрезентација22 часа
Милевски за противниците во квалификациите за СП: Ждрепката во Цирих носи надеж за добар пласман