Поврзете се со нас

Англија

Санчо нема да патува со Манчестер Јунајтед во Шпанија

Објавено

на

Џејдон Санчо извиси за Светското првенство, а откако не доби повик од Герет Саутгејт, реши да работи индивидуално со тренер за да се врати во посакуваната форма.

Манчестер Јунајтед денеска потврди дека скапото засилување нема да патува со тимот на подготовките во Шпанија, оставајќи му можност да продолжи со досегашните активности.

– Санчо ќе продолжи со индивидуалната програма со цел да се врати во посакуваната форма. Има целосна поддршка од клубот во овој процес, – вели клупското соопштение.

Санчо не ги оправда очекувањата ниту кај менаџерот Ерик тен Хаг и јасно е дека мора да промени нешто во продолжението од сезоната, доколку сака да остане долго во редовите на Јунајтед.

Тен Хаг може да му даде шанса веќе на 21. декември, кога Јунајтед се среќава со Барнли во Лига купот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни