Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Санчо најави, Ројс потврди: Борусија обезбеди четвртфинале во ЛШ (Видео)

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/BVB

Борусија Дортмунд избори место во четвртфиналето на Лигата на шампионите, остварувајќи победа против ПСВ Ајндховен (2:0) на реваншот кој го играше пред своите навивачи.

Џејдон Санчо уште во 3. минута донесе водство за германскиот клуб и ја најави позитивната вечер за бундеслигашот, ПСВ се обидуваше да стигне до израмнување кое ќе гарантираше продолжение, но не успеа во тие намери.

Лук де Јонг промаши голем зицер во судиското надополнување, а половина минута подоцна, Марко Ројс казни на спротивната страна и ги постави конечните 2:0.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни