Поврзете се со нас

Германија

Санчо ја испрати првата порака откако Борусија отфрли негов трансфер во Јунајтед

Објавено

на

Џејдон Санчо беше дел од денешниот прв тест кој го имаше Борусија Дортмунд во Австрија, натпревар на кој „милионерите“ славеа со убедливи 6:0 против Рејндорф Алтах.

Крилниот напаѓач го одигра првиот меч за Борусија откако клубот соопшти дека нивната млада ѕвезда нема да направи трансфер во Манчестер Јунајтед, а по се изгледа, англискиот репрезентативец нема проблем да остане уште една сезона во германската Бундеслигата.

Борусија има тим кој изобилува со многу талентирани фудбалери, а последен е сонародникот на Санчо, Џуд Белингам кој се одлучи за трансфер во Дортмунд и покрај сериозниот интерес од Јунајтед.

– Навистина многу сакам да играм со овие момци. Ова е специјална група на играчи. Имаме специјални таленти кои надоаѓаат, навистина е многу возбудливо да се игра во ваков тим.

– Среќен сум што го делам теренот со нив и што можам да ги чувам. Јас бев во нивните копачки пред извесно време кога како млад играв со сениорите. Навистина сум многу среќен за нив, – изјави Санчо по денешната победа на тимот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни