Поврзете се со нас

Германија

Санчо ја искритикува одлуката на дисциплинците на Бундеслигата

Објавено

на

Џејдон Санчо е еден од двајцата фудбалери на Борусија Дортмунд кои заработија парични казни поради непочитување на хигиенскиот протокол на Бундеслигата.

Тој и Мануел Аканџи беа дел од играчите на Борусија кои користеле услуга на познат бербер во своите домови, притоа фотографирајќи се со него без заштитни маски.

Англискиот интернационалец веднаш реагираше на одлуката, споредувајќи ја со шега.

– Вистинска Шега ГФЛ! – твитнал Санчо упатувајќи порака до одговорните во германската фудбалска лига.

Фудбалерите ги увериле своите претпоставени во Борусија дека ги тргнале маските само за фотографиите, но дисциплинците решија да ги казнат Санчо и Аканџи бидејќи нивните фотографии беа јавно објавени.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни