Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Санчо: Им испратив кратка порака на Белингам и Винисиус по полуфиналето со Баерн

Објавено

на

Foto:twitter.com/BVB

Џејдон Санчо доживеа навистина различни емоции во една натпреварувачка сезона, која најпрвро ќе ја памети по кошмарниот период во Манчестер Јунајтед, но потоа и по неверојатно добриот во Борусија Дортмунд.

Англиското крило прифати позајмица во својот поранешен клуб со цел да си ја врати кариерата на прав пат, а враќањето на „Сигнал Идуна парк“ се покажа како полн погодок за неговата форма, но и за Борусија како тим.

„Милионерите“ се пласираа во големото финале во Лигата на шампионите и Санчо ќе биде една од најголемите опасности за Реал за два дена, па во најавата за големиот меч на „Вембли“, Џејдон открива дека воспоставил комуникација со двајца стартери на противничкиот тим.

– Уште како дете сонувате за вакви натпревари. За мене финалето ќе биде остварување на сонот. Тоа што ќе играм против Реал Мадрид ќе биде уште подобро.

– Ова се натпреварите за кои живеете кои најмогу ви се допаѓаат. Очекувам голем меч, историјата зборува сама за големината на Реал Мадрид. Имам добри пријатели во нивниот тим, тоа се Џуд и Вини. Зборував со нив двајца по полуфиналето кое го одиграа со Баерн и им порачав дека се гледаме во финалето. Ќе има многу тензија на теренот, но едвај чекам да дојде тој ден, – вели Санчо во интервјуто за „ТНТ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни