Поврзете се со нас

Германија

Санчо игра во очајна форма на почетокот на сезоната, Фавре ја посочи причината за тоа: Манчестер Јунајтед…

Објавено

на

Фудбалерот на Борусија Дортмунд, Џејдон Санчо игра доста лошо на почетокот на новата натпреварувачка сезона.

Младиот крилен фудбалер досега не успеал да се запише во листата на стрелци во германскиот шампионат на четири средби на колку што настапи, а единствен гол му е оној против Дуизбург од натпреварот од германскиот Покал.

Пред средбата со Зенит, за формата на Санчо се огласи и тренерот на Борусија Дортмунд, Лусиен Фавре кој смета дека за лошиот почеток на најдобриот фудбалер од лани виновен е интересот од Манчестер Јунајтед во летниот преоден рок.

– Секој играч има полоши периоди. Имаше многу шпекулации  за Џејдон ова лето, нешто што сигурно е фактор за неговата форма. Ниту еден фудбалер не ја одржува формата на највисоко ниво цела година, тоа е невозможно. Како тренер мора да го прифатите тоа, -изјави Фаврем.

Манчестер Јунајтед беше тимот кој се интересираше за англискиот фудбалер од Борусија Дортмунд, но на крајот двата клуба не успеаја да се договорат, па Санчо остана дел од германскиот клуб.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни