Поврзете се со нас

Германија

Санчо и уште пет фудбалери на Борусија го прекршиле протоколот за да добијат нова фризура

Објавено

на

Шест фудбалери на Борусија Дортмунд се во опасност да бидат казнети, откако ги прекршиле строгите хигиенски протоколи предвидени поради заштита од заразување со коронавирусот.

Германската Бундеслига беше прва европска лига од големата петорка која ја рестартираше сезоната, а за таа цел беа утврдени строги протоколи и чести тестирања за да се избегне ширење на вирусот.

Џејдон Санчо и уште пет негови соиграчи се најдоа во незгодна ситуација, откако „Билд“ објави дека го ангажирале познатиот бербер Вини Каркари да се погрижи за нивните фризури.

Каркари престојувал во домовите на Санчо, Торган Азар, Рафаел Гуереиро, Аксел Вицел, Мануел Аканџи и Дан-Аксел Загаду каде поединечно се погрижил за имиџот на фудбалерите, а притоа никој од нив не носел заштитна маска.

– Разбирливо е дека нашите момци треба да ги средат своите фризури по сите овие месеци, но сигурно е неприфатливо двете страни да не носат маски. Ќе разговараме на оваа тема со нашите играчи, но и фризерот треба да се замисли за своето однесување, – изјавиле од таборот на Борусија за „Билд“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни