Поврзете се со нас

Европски првенства

Санчо го прекина молкот три дена по фудбалската траума на „Вембли“: Нема да се преправам дека не видов што се случи

Објавено

на

На Џејдон Санчо му беа потребни неколку дена за да му „легнат“ сите импресии од она што го доживеа во големото финале на Европското првенство, кое сигурно ќе биде едно од неговите најгорчливи искуства во целата кариера, без оглед на тоа што истата е на самиот старт.

Младиот фудбалер кој набрзо ќе биде промовиран во Манчестер Јунајтед нема баш можност да се радува на големиот трансфер кој толку го посакуваше, бидејќи во неделата доживеа огромно разочарување, по кое беше жртва и на расистички навреди од страна на англиските фанови.

По емотивното писмо кое го испрати Маркус Рашфорд, денеска се јави и вториот трагичар во пенал рулетот, кој им се извини на искрените англиски фанови, но испрати и порака до оние деца кои се секојдневно жртви на скандалозни расистички омаловажувања.

– Потребни ми беа неколку дена за да се осврнам на неделното финале и се уште имам измешани емоции. Сакам да им се извинам на сите соиграчи, на стручниот штаб и пред се на фановите кои ги изневерив. Ова е најлошото чувство во мојата кариера, тешко е дури да се најдат зборови за да се опише вистинското чувство. Иако има многу позитивни работи од овој турнир, поразот ќе боли долго време. Пред секој натпревар, јас мислам само на тоа како ќе му помогнам на тимот, како ќе асистирам, како ќе креирам шанси, како ќе постигнам гол. Тоа сакав да го направам и со пеналот, да му помогнам на тимот.

– Ја избрав погрешната страна, сакавме да го донесеме трофејот дома, сите имавме иста амбиција. Ова беше група на играчи во која уживав, заедништвото во тимот е недопрено, бевме вистинско семејство на теренот и надвор од него. Нема да се преправам дека не ги видов расистичките навреди во кои бевме вбројани јас и моите браќа Маркус и Букајо. За жал, тоа не е ништо ново, како општество мора да бидеме подобри и да побараме одговорност од овие луѓе. Омразата никогаш нема да победи, за сите деца кои добиваат слична навреди, кренете ги главите високо и бркајте ги вашите соништа. Горд сум на овој англиски тим, горд сум на тоа како ја држевме цела нација сплотена после тешки 18 месеци за сите. Сакавме да победиме, но ќе извлечеме искуство од ова и продолжуваме понатаму. Ќе се вратиме посилни, не се сомневам во тоа, – порача Санчо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни