Поврзете се со нас

Англија

Санчо даде гол по пет месеци, Јунајтед немаше сили за целосен пресврт (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: https://twitter.com/CBSSportsGolazo

Манчестер Јунајтед не успеа да слави над Лидс (2-2) во заостанатиот меч од осмото коло од англиската Премиер лига.

И покрај тоа што тренерот Тен Хаг не можеше да смета на играчи како Антони, Марсијал, Касемиро и Ериксен, домаќините важеа за фаворити, статус кој резултатски не го оправдаа иако упатија повеќе од 20 удари кон голот на противникот.

Поранешниот тим на Џани Алиоски водеше со 2-0 до 62 минута кога започна камбекот на Јунајтед и тоа од кој друг, ако не Рашфорд. Напаѓачот стрелаше за нова енергија која до 70 минута донесе нов погодок кој беше дело за Санчо за 2-2.

Ова за офанзивецот беше прв гол по пауза од пет месеци и истиот дефинитивно добро ќе му дојде по проблематичниот период кој го имаше. До крајот „црвени ѓаволи“ имаа уште неколку шанси, полуприлики, ама истите не ги искористија.

 

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни