Санчез мораше да оди „под нож“, Интер долго време нeма да може да смета на Чилеанецот

sancez

Екипата на Интер во наредниов период и дефинитивно нема да може да смета на услугите на Алексис Санчез.

Тој се повреди носејќи го дресот на Чиле по еден старт на Куадрадо, па откако беше утврдено и потврдено дека мора со операција да се надмине проблемот со левиот глужд врз напаѓачот денеска беше извршен успешен хируршки зафат во Барселона и сега може да започен процесот на рехабилитација.

Според информациите оваа година за Алексис е завршена односно ќе може да се врати на терените во 2019. Поради ова се очекува младиот Себастијано Еспозито да остане во Интер, односно да не игра за Италија на СП за играчи до 17 години.

Еспозито ќе биде поддршка за Лаутаро Мартинез и Ромелу Лукаку. Тој веќе имаше настапи во летните подготовки и го импресионираше тренерот Антонио Конте со своите настапи.

Facebook Коментари