Поврзете се со нас

Шпанија

Санчез Флорес: Барселона има проблем и тоа не е Чави…(ВИДЕО)

Објавено

на

foto:www.facebook.com/sevillafc.eng

Барселона со победа над Севилја од 2-1 ја заокружи оваа сезона која дефинитивно беше турбулентна за клубот, сезона во која не беше освоен ниту еден трофеј, година која на крајот е заокружена со тренерска драма и отказ за Чави Ернандес.

И додека се чека официјална потврда околу неговиот наследник (треба да биде Ханси Флик) се уште има реакции за потегот на Жоан Лапорта и неговите најблиски соработници, а уште еднаш во фокусот на вниманието се најде тренерот на Севилја, Кике Санчез Флорес.

Санчез Флорес ги „поздрави“ Лапорта и компанија пред средбата на „Рамон Санчес Писхуан3“, а пак по средбата испрати уште една порака која се кажува.

Санчез Флорес ги нападна Лапорта и компанија: Не треба ова да го кажам, но…

-Многу го ценам Чави како тренер, ја ценам титулата која ја освои минатата сезона. Му се воодушевував како фудбалер, исто како сите вас. Изгледа како искрен човек кој кажува што мисли. Беше во транзиционен период и тоа му го кажав. Барселона има проблем и тоа не е Чави, тоа е Реал Мадрид, -порача досегашниот тренер на Севилја.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни