Санабрија го замолкна „Бернабеу“ во 93. минута, Бетис ја прекина неверојатната гол серија на Реал (Видео)

sanabrija

Реал Мадрид на двапати загуби бодови на домашен терен против Леванте и Валенсија, но оваа вечер сосема неочекувано го доживеа и првиот пораз откако Реал Бетис на крајно драматичен начин освои три бода на „Сантијаго Бернабеу“ во 93-та минута.

Санабрија (кој инаку е дете на Барселона) погоди за 0:1 во судиското надополнување по фантастичниот центаршут на Бараган, а со самото тоа ги казни сите промашувања на играчите на Реал кои вечерва дефинитивно не беа концентрирани пред голот на фантастичниот Адан.

Одлични шанси за постигнување гол имаше повратникот Кристијано Роналдо кој едноставно немаше своја голгетерска вечер, а ризикот кој го направи Зидан со исклучително офанзивна тактика на крајот наместо резултат, му донесе прв пораз во сезоната и прекинување на историската низа.

Реал Мадрид минатото коло ја израмни неверојатната серија на Сантош од 73 натревари со барем еден постигнат гол на мечевите, но Бетис вечерва покрај големото изненадување, стави крај и на надежта на „кралевите“ да постави рекорд.

Facebook Коментари