Поврзете се со нас

Лига на шампиони

„Сан Сиро“ нема да биде домаќин на финалето во ЛШ

Објавено

на

Foto:twitter.com/sscnapoli

„Сан Сиро“ или „Џузепе Меаца“ нема да биде домаќин на финалето во Лигата на шампионите во 2027 година одлучи Извршниот комитет на Европската фудбалска федерација (УЕФА).

Милано со својот најпознат стадион беше избран за домаќин на големиот настан во месец мај, меѓутоа некои работи се променија и УЕФА се реши да се откаже од првичната замисла, идеја, па сега се очекува нова одлука за тоа на која арена ќе се одржи завршниот меч во елитното натпреварување за три години.

Имено нема гаранции дека „Сан Сиро“ ќе биде целосно достапен за три години, поточно постои можност стадионот да биде во процес на реновирање, нешто што треба да се реализира пред Италија да биде домаќин на Европското првенство во 2032 година. Обновувањето најверојатно ќе се случи во некоја фаза по Зимските олимписки игри во 2026 година на кои градот Милан е ко-домаќин.

Бидејќи локалните власти не можеа да гарантираат дека стадионот нема да биде погоден од реновирање во 2027 година, УЕФА одлучи да го одземе домаќинството и да започне нов процес.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни