Поврзете се со нас

Европски купови

Сан Пабло Бургос ја освои ЛШ и заработи милион евра

Објавено

на

Шпанскиот прволигаш, Сан Пабло Бургос е освојувач на Лигата на шампиони на ФИБА.

Кошаркарите на оваа екипа успеаа да слават во ова натпреваруавње и тоа откако вечерва во големото финале беа подобри од АЕК во Атина со 85-74. Грчкиот тим на хартија важеше за фаворит на оваа средба со оглед на тоа што играа на домашен терен, но ситуацијата на теренот беше сосема поинаква, поточно Сан Пабло Бургос знаеше максимално да ги искористи своите добри минути на паркетот.

АЕК ги реализираше првите 10 минути со 24-14, но во следните два периоди гостите беа подобри со 35-12 и 19-13, па во последната четвртина влегоа со плус 19 (68-49), предност која беше недостжна за грчкиот претставник.

Мекфаден со 18 поени, 6 скокови и 5 асистенции беше најдобар поединец и воедно беше прогласен за најкорисен играч (МВП). Сан Пабло Бургос е втора шпанска екипа по Тенерифе која слави во ЛШ, а за овој успех ќе добие чек од милион евра.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни