Поврзете се со нас

Англија

„Сан“: Јунајтед ангажирал скапо засилување и покрај негодувањето на Тен Хаг

Објавено

на

foto:twitter.com/ManUtd

Ерик тен Хаг веќе е историја за Манчестер Јунајтед и фановите се надеваат на подобри денови под водство на Рубен Аморим, но медиумите открија интересна сторија поврзана со периодот кога Холанѓанецот се уште имаше големо влијание на „Олд Трафорд“.

Таблоидот „Сан“ тврди дека често критикуваниот Џошуа Зиркзе бил ангажиран од Јунајтед и покрај тоа што неговиот сонародник Тен Хаг се повлекол од првичната идеја за негово купување.

Англискиот клуб и плати 36,5 милиони фунти на Болоња за Зиркзе, а Тен Хаг ретерирал за овој трансфер поради вишокот килограми кои биле детектирани кај холандскиот репрезентативец во текот на летото.

Одговорните од компанијата „Инеос“ сметале дека трансферот на Зиркзе е добра зделка, пред се поради тогашната цена на трансфер пазарот и затоа го комплетирале неговото пристигнување во Манчестер, без зелено светло од менаџерот.

Зиркзе покажа малку на натпреварите на кои доби шанса да игра во дресот на великанот, а Тен Хаг му испрати јасна порака дека не е негов прв избор по враќањето на Расмус Хојлунд.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни