Поврзете се со нас

НБА

Сан Антонио погоди тројка за победа, судиите ја поништија и ги израдуваа фановите на Шарлот (Видео)

Објавено

на

Фото: https://x.com/spurs

Сан Антонио загуби во драматична завршница на гостувањето кај Шарлот, а тројката за победа на Де’Арон Фокс беше поништена поради задоцнето исфрлување на топката од страна на новата ѕвезда на Спарс.

Бриџис погоди за Шарлот на две секунди до крајот и го врати својот тим во водство, додека во последниот напад противникот погоди со звукот на сирената, но судиите утврдија дека Фокс сепак задоцнил со шутот и поените не важеа, потврдувајќи ја победата на Хорнетс.

Касл од Сан Антонио беше најефикасен на мечот со 33 поени, додека Фокс уфрли 22 поени. Во редовите на победничката екипа, Бриџис го заврши дуелот со 25 поени.

Драма имаше и на дуелот меѓу Феникс и Јута, на кој домаќините извлекоа продолжение со тројката на Грејсон Ален, а потоа издоминираа во дополнителните пет минути.

Букер се истакна на овој дуел со дури 47 поени и 11 асистенции.

Шарлот – Сан Антонио 117:116
Вашингтон – Кливленд 124:134
Атланта – Милвоки 115:110
Бруклин – Мајами 102:86
Детроит – Филаделфија 125:112
Оклахома – Торонто 121:109
Феникс – Јута 135:127 (п)

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни