Поврзете се со нас

Свет

Самуел за повредениот Меси: Прерано е да се зборува…

Објавено

на

Foto:x.com/Argentina

Аргентина го совлада Перу и без услугите на капитенот Лионел Меси кој поради повреда го пропушти последниот меч од групната фаза на Копа Америка.

Ова средба не беше важна за „гаучосите“, ама допрва следи нокаут рундата, фазата во која тимот ќе биде далеку поопасен ако Меси е фит и подготвен.

-Беше во соблекувалната, забележавме дека е подобар. Ситуацијата се подобрува, но има неколку дена и ситуацијата е прерано да се зборува. Ќе разговараме за тоа секојдневно со него и ќе разговараме со лекарите, -порача Валтер Самуел кој е дел од стручниот штаб.

Свој коментар имаше и Анхел Ди Марија.

-Лео е добро, се опоравува, се надеваме дека ќе биде подготвен за следниот натпревар. Денешната победа е за него, -порача Анхел.

Меси има проблеми со мускулот, проблем со кој се соочи во пресметката со Чиле.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни