Поврзете се со нас

Македонија

Самсоненко е минато, Вардар доби нов сопственик: Клубот обезбеди извесна иднина!

Објавено

на

Сергеј Самсоненко од денеска и официјално е минато во Вардар, бидејќи фудбалскиот клуб кој беше вратен на Град Скопје, ова попладне и официјално го претстави новиот сопственик на клубот.

Градоначалникот Петре Шилегов со голем ентузијазам најави многу подобри денови за најтрофејниот фудбалски колектив во нашата земја, на кој првична цел ќе му биде враќање во Првата Македонска фудбалска лига.

Поради големите финансиски проблеми, Вардар испадна во Втора лига и оваа сезона ќе се натпреварува во понизок ранг, но на денешниот прес, Шилегов придружен од новото раководство, навести брзо враќање во елитата.

Покрај Шилегов, на денешниот прес се појавија сопственикот на Блу Скај инвестмент, Слободан Крстевски и поранешниот директор на Вардар, Самоил Симев.

– На мое огромно задоволство, можам и официјално да соопштам дека успешно заврши посредувањето на Градот Скопје со стариот и новиот инвеститор и сопственик на ФК Вардар, со што всушност успеваме да обезбедиме извесна иднина за ФК Вардар, како една од најголемите спортски институции во нашава земја. Станува збор за фирмата Блу Скај инвестмент која е согласна во целост да го преземе постојниот договор со сите услови што Град Скопје го има склучено со поранешниот сопственик, – изјави Шилегов и додаде.

– Сите долгови кои се настанати во меѓувреме, кон сите коминтенти и играчи, во наредниот период ќе бидат во целост подмирени од новиот инвеститор, што е дел од новиот договор. Во наредниот период јас со гордост ќе можам да побарам од Советот на Град Скопје, на следната седница, која планираме да се одржи во втората половина на месец август, овој договор да биде одобрен, како од надлежен орган кој ја има донесено и претходната одлука за продажба на акциите на ФК Вардар – додаде Шилегов.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни