Сампаоли го објави конечниот список за СП и избра само еден од Дибала и Икарди (Фото)

sampaoli-vrne

Хорхе Сампаоли пред извесно време состави широк список од 35 фудбалери кои се потенцијални кандидати за настап на Светското првенство, а како што беше најавенот, истиот значително го скрати денеска и донесе конечна одлука за 23-та избраници кои ќе патуваат во Русија.

Најголемото мундијалско прашање поврзано за Аргентина беше тоа дали Пауло Дибала и Мауро Икади ќе добијат виза за Светското првенство во Русија, а оваа вечер ја дознавме единствената непозната откако аргентинскиот селектор одлучи да вклучи само еден од нив двајца во конечниот список.

Пауло Дибала добива шанса за настап на големиот турнир, додека најдобриот голгетер и капитен на Интер, Мауро Икарди и дефинитивно останува без својот сон за настап на мундијалот во Русија.

Состав на Аргентина за СП:
Голмани: Ромеро, Кабалјеро, Армани
Одбрана: Меркадо, Ансалди, Отаменди, Фацио, Рохо, Талјиафико, Акуња, Маскерано
Средина: Салвио, Билја, Ло Селсо, Банега, Ланѕини, Меца, Ди Марија
Напад: Павон, Меси, Дибала, Игуаин, Агуеро

Facebook Коментари