Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Самоуверениот Анри не го гледал последниот пенал на Порто: Знаев дека ќе промаши (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Тјери Анри како голем фан на Арсенал имаше можност да го гледа во живо осминафиналето на „Емирејтс“, по кое „топчиите“ за првпат се пласираа меѓу осумте најдобри екипи во Европа по пауза од 14 години.

Навивачите на Арсенал долго чекаа на ваков момент и мораа да минат низ стресни ситуации, бидејќи победникот се решаваше во пенал рулетот во кој издоминира шпанскиот голман Раја.

Чуварот на мрежата на Арсенал одлично ги читаше противниците и ги одбани ударите на Вендел и Галено, а овој вториот беше клучен за да се осигура победата и да настане ерупција на стадинот.

Интересно, Тјери Анри воопшто не го гледал последниот пенал и бил убеден дека Раја ќе го одбрани ударот на Галено, па пред останатите колеги од „Си-Би-Ес“ тргнал доле на теренот.

– Начинот на кој тој ја стави топката на земја….. Ми беше сомнителен и затоа тргнав веднаш кон теренот, – изјави Анри, а на видеото се гледа како извикува „ќе промаши“ уште пред да биде изведен пеналот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни