Поврзете се со нас

Лига Европа

Самодоверба на највисоко ниво: Џака потврди дека игра во животна форма, осма победа во низа за Арсенал (Видео)

Објавено

на

Арсенал победи на одложениот натпревар од второто коло во Лига Европа и со минимални 1:0 го потврди своето учество во наредната фаза на натпреварувањето.

ПСВ се покажа како навистина добар тест за разиграниот Арсенал и долго одолеваше на „Емирејтс“, но сепак еден потег на играчот кој игра како препороден оваа сезона беше доволен за пораз.

Гранит Џака со години беше еден од најоцрнуваните играчи на Арсенал, но сега и редовните критичари се сложни дека тој игра во животна форма и дека е вистински командант во средниот ред.

Конечно, Грант прикажува партии за Арсенал како што тоа редовно го прави за селекцијата, а потврда за тоа дека самодовербата му е на највисоко ниво добивме и вечерва.

Џака постигна одличен гол со својата послаба десна нога и го реши победникот во 71-та минута, погодок кој му ја донесе осмата победа во низа на Арсенал во сите натпреварувања.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни