Поврзете се со нас

Шпанија

Само тројца играчи се недопирливи во Барселона

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fcbarcelona

Барселона се врати на победнички патеки во минатата сезона кога беа освоени трофеите во Примера и Супер Купот на Шпанија, па за клубот од „Камп Ноу“ ова беше добра основа за среќа и надеж дека од тука почнува еден нов успешен циклус.

Меѓутоа веќе оваа кампања е турбулетна, екипата покажува доста слабости и останува да се види дали тренерот Чави Ернандес ќе може да ги поправи работите и донесе нов пехар за Барселона. Каталонците се уште се активни во сите натпреварувања што значи можностите за освојување на пехари се тука почнувајќи од Супер Купот на Шпанија што деновиве се игра во Саудиска Арабија.

Ама добро е познато дека шпанскиот великан не е во добра состојба кога се во прашање финансиите и се мачи да ги доведе посакуваните засилувања, па според „Спорт“ само тројца играчи од сегашниот тим се недопирливи и не би биле прифатени никакви понуди-тоа се Педри, Гави и Роналд Араухо.

Сите останати би можеле да си заминат ако пристигне понуда која е привлече за составот од Ла Лига. Инаку сите тројца имаат договори до 30 јуни 2026 година.

Араухо испрати јасна порака за неговата иднина во Барселона

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни