Поврзете се со нас

Англија

Само што влезе во форма: Манчестер Јунајтед потврди повреда на важен играч

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Манчестер Јунајтед и натаму се бори за место во Топ 4 во англиската Премиер лига, но менаџерот Ерик тен Хаг денеска добил лоша вест од лекарскиот тим.

Расмус Хојлунд постигна респектабилен број голови на последните настапи за „црвените ѓаволи“, но сега ќе оди на принудна пауза.

Јунајтед денеска објави дека Данецот има мускулна повреда и се предвидува пауза меѓу две и три недели.

Првиот натпревар на кој Хојлунд нема да биде во комбинација е тој со Фулам, потоа следува гостување кај Нотингем, за на 3. март Јунајтед да се соочи со градскиот ривал Манчестер Сити. Според денеска објавената прогноза, напаѓачот нема да може да им помогне на соиграчите и на дуелот со шампионот.

Данскиот репрезентативец постигна по барем еден гол на последните шест средби на Јунајтед, а на последниот дуел со Лутон ги постигна и двата гола во победата 1:2.

Тен Хаг претходно остана и бе Лук Шо, а од претходно повредени се Ван Бисака, Маласија, Маунт и Мартинез.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни