Поврзете се со нас

Шпанија

Само Меси има дадено повеќе голови од слободен удар од Барди (ФОТО)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативец, Енис Барди уште еднаш потврди дека е мајстор за слободни удари, па така вчера со луциден потег од прекин ја затресе мрежата на Валјадолид во Купот на Шпанија.

Барди се одлучи да шутира под живиот ѕид, под противниците, одлука која се покажа како исправна затоа што топката заврши на посакуваното место зад голманот Хименез. Овој погодок донесе интересна статистика која ја извади Опта, а тоа е дека само Меси има дадено повеќе голови од него од слободен удар во сите натпреварувања.

Секако овој податок се однесува за периодот по траснферот во Енис во Леванте, поточно доаѓањето на Пиринеите. Капитенот на Барселона е прв со 21, Барди е втор со 7, па следуваат Парехо, Родригез, Аспас и Гризман.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни