Само едно промашување: Војдан втор стрелец против Галатасарај

vojdan

Репрезентативецот на Македонија, Војдан Стојановски забележа уште еден двоцифрен натпревар во дресот на Бујукчекмече и тоа во турскиот шампионат.

Стојановски имаше само едно промашување и тоа од линијата за три поени (4/4 за еден, 4/4 за два, 0/1 за три) и беше втор стрелец во својот табор со вкупно 12 поени, но Бујукчекмече претрпе тежок пораз на гостувањето кај Галатасарај со 98-71.

Хупсон со 17 кошеви, 4 скокови, 2 асистенции и 2 украдени топки ја предводеше победничката екипа.

Бујукчекмече во шест рунди во домашниот шампионат има учинок од две победи и четири порази.

Facebook Коментари