Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Само еден играч на Атлетико остана на теренот за да ги слуша бесните навивачи од Мадрид (Видео)

Објавено

на

Атлетико Мадрид има сезона за заборав во фудбалска Европа, бидејќи во период од седум дена успеа да упропасти се што изгледаше како чиста рутина за нив.

Тимот на Чоло Симеоне влезе како голем фаворит во пресметката со Баер Леверкузен и со победа требаше да си обезбеди директна пресметка со Порто за пласман во осминафиналето, но наместо тоа, на крајот остана и без пласман во Лигата на Европа.

Вчерашниот пораз во Португалија значеше дека фаворитот Атлетико завршува последен во групата Б, а тоа тешко го прифатија 1.500 фанови од Мадрид кои вчера беа присутни на „Драгао“.

Навивачите им порачуваа на своите фудбалери дека не го заслужуваат дресот на Атлетико, но единствен кој остана да ги слуша бесните фанови беше Саул Нигез.

Како што информираат шпанските новинари, Саул останал на теренот цели пет минути по последниот судиски свиреж, а пред да замине кон соблекувалната, навивачите на Атлетико го скандирале неговото име и му порачале да го донесе цел тим на тревникот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни