Поврзете се со нас

Англија

Само двајца фудбалери од Ливерпу го импресионирале Карагер додека играл за клубот

Објавено

на

Џејми Карагер важи за легенда на тимот на Ливерпул, а сега во интервју за англиските медиуми даде по малку чудна изјава.

Имено, стучниот аналитичар на „Скај Спортс“ изјави дека додека тој играл во Ливерпул имало само двајца фудбалери кои навистина го импресионирале.

42 годишниот Карагер не можеше да се израдува на осовјување на Премиер лигата додека беше играч на Ливерпул, но сега тоа ќе го стори како навивач на клубот.

Неговата последна изјава можеби покажува зошто Ливерпул не стигнал да ја освои титулата во годините во кои тој настапувал за клубот.

Имено, тој изјави дека вистински бил импресиониран само од Стивен Џерард и Луис Суарез, иако низ кариерата имаше многу соиграчи со кои ја делеше соблекувалната.

– Додека играв за Ливерпул тука беа само двајца играчи кои навистина ме импресионираа. Тоа беа Стивен Џерард и Луис Суарез. Ако погледнете што направи Суарез во Барселона, но и во Уругвај, тогаш знаете за каков фудбалер се работи. За Џерард не треба да се трошат зборови, тој е легенда на нашиот клуб, -изјави Карагер.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни