Свет
Само два тренерски предизвици се интересни за Зидан
Француската фудбалска легенда, Зинедин Зидан тргна амбициозно како тренер и преку вториот тим на Реал Мадрид стигна до првата екипа каде имаше одлични резултати во двата мандати од 2016 до 2018 и 2019 до 2021 година.
Меѓутоа веќе неколку години Зидан е без ангажман иако неговото име се поврзуваше со повеќе клубови, позиции во Пари Сен Жермен, Баерн Минхен, Јувентус, Манчестер Јунајтед…но ниту една од тие споменати опции не се оствари.
Зизу и понатаму останува на страна, слободен агент, а според „Марка“ на големата сцена може да се врати само за две работи.
Шпанскиот медиум пренесува дека Французинот би прифатил понуда од Реал Мадрид или пак да биде селектор на француската репрезентација. Зидан низ годините постојано се споменува како можен наследник на Дидие Дешамп, но неговиор некогаш колега од славните денови на националниот тим едноставно ја чува позицијата со добрите резултати и засега не размислува за заминување.
-
Светски првенства24 часа
Австрискиот селектор Пајовиќ пред дуелот со Македонија: Имам добро чувство
-
Светски првенства23 часа
Одработен завршниот тренинг пред Австрија: Лазаров ги пренесе идеите, ракометарите треба да ги спроведат на дело (Фото)
-
Англија23 часа
Историски трансфер: Гвардиола доби нов стопер вреден 50 милиони евра (Фото)
-
Светски првенства11 часа
ИХФ треба да измисли фер-плеј награда за Де Варгас: Шпанскиот голман воодушеви со својот потег на СП (Видео)
-
АТП4 часа
Ѓоковиќ освои луд поен на сет топка и предизвика лудница во Мелбурн (Видео)
-
Шпанија23 часа
Угледно шпанско радио: Анчелоти става крај на етапата во Реал
-
Англија11 часа
Карагер шокиран: Аморим направи една од најбизарните работи во историјата на фудбалот
-
Англија21 час
Ширер: Системот на Аморим го прави Јунајтед полош и од времето на Тен Хаг!