Само два клуба имале претставник во финалето уште од Светското првенство во 1982 година

francija-radost

Хрватска и Франција во недела ќе се соочат во финалето на Светското првенство, а статистичарите сериозно ќе работат на подготовка на бројките поврзани со двете селекции, но и нивните меѓусебни дуели.

Она што уште од вечерва е јасно и поврзано со фудбалерите кои ќе бидат дел од финалето во Москва е дека само два клуба од целиот свет имале свој претставник во финалињата на сите светски првенства од 1982 година кога домаќин беше Шпанија.

Тоа се Баерн Минхен кој ќе биде претставуван од францускиот репрезентативец Корентан Толисо, односно Интер чии „амбасадори“ во финалето во Русија ќе бидат Марсело Брозовиќ и Иван Перишиќ.

2018
Толисо (Баерн) Перишиќ, Брозовиќ (Интер)
2014
Нојер, Лам, Милер, Боатенг, Швајнштајгер, Геце, Крос (Баерн) Алварез, Кампањаро, Паласио (Интер)
2010
Ван Бомел, Робен (Баерн) Снајдер (Интер)
2006
Сањол (Баерн), Матераци (Интер)
2002
Кан, Линке, Јеремис, Јанкер (Баерн), Роналдо (Интер)
1998
Лизаразу (Баерн), Роналдо, Џоркаеф (Интер)
1994
Жоржињо (Баерн), Берти (Интер)
1990
Аугенталер, Колер, Тон, Ројтер, Ауман (Баерн) Бреме, Матеус, Клинсман (Интер)
1986
Матеус, Хенес, Аугенталер (Баерн) Румениге (Интер)
1982
Брајтнер, Дремлер, Румениге (Баерн) Бергоми, Ориали, Алтобели, Марини, Бордон (Интер)

Facebook Коментари