Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Само бод го дели Манчестер Јунајтед до пласман во следната фаза, ПСЖ со многу мака го совлада Лајпциг (Видео)

Објавено

на

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед славеа убедлива победа од 4:1 против тимот на турскиот претставник во Лигата на шампионите, Истанбул Башакшехир.

Избраниците на Оле Гунар Солскјер уште во првиот кој го добија со 3:0 дел си ја завршија работата и ги обезбедија важните три бода од овој натпревар.

Бруно Фернандеш со два погодоци, од кои првиот беше спектакуларен, Рашфорд и Даниел Џејмс беа креатори на победатана „црвените ѓаволи“ во вечерашната средба. Почесниот погодок за гостите беше дело на Туруч.

Во вториот натпревар од истата група, тимот на ПСЖ со голема мака го совлада Ред Бул Лајпциг и остана во игра за пласман во нокаут фазата. „Светците“ славеа со 1:0, а единствениот погодок беше дело на Нејмар кој беше прецизен од белата точка.

Работите во групата се доста интересни и засега најголема предност за пласман во слдната фаза има Манчестер Јунајтед на кого му е потребен само бод од натпреварите против ПСЖ и Лајпциг во следните две кола.

Во групата Ф, пак, сведоци бевме на очекувани резултати. Борусија Дортмунд со убедливи 3:0 славеше против Клуб Бриж, додека Лацио со 3:1 го совлада тимот на Зенит.

Русите и дефинитивно отпаднаа од комбинација запласман во следната фаза од Лигата на шампионите, додека до самиот крај борба за првите две позиции ќе водат останатите тимови.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни