Поврзете се со нас

Одбојка

„Самба“ во Римини: Бразил ја надигра Полска и за првпат ја освои Лигата на нации (ВИДЕО)

Објавено

на

Репрезентацијата на Бразил дојде до првата титула во Лигата на нации и тоа откако во финалето во Римини ја надигра Полска со 3-1 во сетови.

„Кариоките“ одиграа извонреден меч во кој само потврдија дека се во одлична форма и дека не случајно беа први во основиот дел на ова натпреварување за да потоа во полуфиналето и одржат лекција на Франција за да сега ги надиграат и Полјаците.

Првите два сета донесоа големо борба, Полска со подобар финиш во првиот славеше со 25-23, додека Бразил потоа возврати со 25-23 за израмнување на 1-1 во сетови.

Во преостанатиот дел Бразилците доминираа и со 25-16 и 26-14 дојдоа до најголемиот успех во ова натпреварување. Ова за нив е прв медал во Лигата на нации откако претходно двапати загубија за бронзата.

Воедно ова за „селесао“ ќе биде дополнителна самодоверба, мотив пред настапот на ОИ во Токио каде ќе имаат задача да го одбранат пехарот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни