Поврзете се со нас

Македонија

Самарџиски ќе настапува за Еуро Никел

Објавено

на

Поранешниот македонски репрезентативец Предраг Самарџиски се враќа во нашето првенство и во новата сезона ќе го носи дресот на Еуро Никел.

Самарџиски треба да го засили составот од Кавадарци под обрачите, а за него ова ќе биде прв настап во македонското првенство по сезоната 2018/19.

Претходно два пати го носеше дресот на МЗТ Скопје, клуб со кој освои и титули.

Последен клуб на Самарџиски беше турскиот второлигаш Мамак.

Еуро Никел последната сезона стигна до финалето на плејофот, а Самарџиски е осмото засилување кое е доведено во Кавадарци во пресрет на новиот шампионат.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни