Самарџиски делеше асистенции, Самсунспор не успеа да направи изненадување

pedja

Составот на Самсунспор за кого настапува Предраг Самарџиски не успеа да направи изненадување и загуби од Меркезефенди Беледијеси со 73-63 во средбата од 16 рунда во втората лига на Турција.

Домаќинот важеше за фаворит и тоа го потврди на теренот пред се во првата и последната четвртина кога всушнот ја направи разликата и си го отвори патот до победата. Интересно нашиот Предраг беше прв асистент во својата екипа со 5 додавања, плус зад своето име додаде 8 поени, 8 скокови, 1 украдена топка и 2 блокади.

Тој беше број еден во својата екипа со 17 индексни поени.

Во следното коло Пеџа и другарите се домаќини на Борнова.

Facebook Коментари